Нема повеќе хидраулика или течности: Воведен револуционерен систем за сопирање


Германската компанија ZF претстави целосно нов систем за сопирање.

Станува збор за систем за сопирање за кој велат дека е „чисто електрично-механички“, а на секое тркало се создава потребната сила со помош на електромотор. Како што велат, токму поради тоа нема хидрауличен систем или течности за сопирачките.

„Нашиот целосно електронски контролиран систем е значаен додаток на портфолиото на мрежни системи за шасија. Со систем како овој, го отвораме патот за нова ера на контрола на возилата“, рече Холгер Клајн, шеф на ZF Group.

Во овој „сув“ систем за сопирање, не е потребна течност за сопирачките, а сигналите за сопирање од педалата до електричниот мотор исто така се движат електронски, па оттука и терминот „суво електронско сопирање“.

Овој тип на систем овозможува побрзо запирање на автомобилот, како и поевтино одржување, а со електричните автомобили е можно да се добие и до 17% поголем досег благодарение на заштедената енергија на овој начин, велат од ZF.

Компанијата, сепак, сѐ уште не соопшти точно кога овој систем официјално ќе пристигне на пазарот.