Нема попуст за Ѓоковиќ, нема да игра ни во Мајами


 

Новак Ѓоковиќ нема да игра на мастерс турнирот во Мајами следната недела. На светскиот рекет бро 1 му е забранет влезот во САД поради тоа што одби да се вакцинира против корона, но поднесе барање за изземање.

Гувернерот на Флорида Рон Десантис го повика американскиот претседател Џо Бајден да го пушти Ѓоковиќ, како и двајцата сенатори – Марко Рубио и Рик Скот. Директорот на турнирот Џејмс Блејк изјави дека барањето на Ѓоковиќ е одбиено.

„Се обидовме да добие исклучок, но не успеавме. Како еден од големите турнири во светот сакаме да ги имаме најдобрите играчи. Направивме сѐ што можевме. Се обидовме да разговараме со владата, но тоа е надвор од нашите раце“ рече Блејк.

Ѓоковиќ исто така не играше на турнирот во Индијан Велс оваа недела поради истата причина. Вонредните мерки во САД, според кои оние кои не се вакцинирани против Ковид-19 не смеат да влезат во земјата, ќе важат до 11 мај.