Нема подолга работа за оние со бенефициран стаж


Фото: Б. Грданоски

Работниците со бенефициран стаж нема да можат да го продолжуваат работењето откако ќе исполнат услови за пензија. Промените во пензиската регулатива ги најави премиерот Зоран Заев појаснувајќи дека стручните служби прават пресметки за должината на стажот. Од Министерството за труд и социјална политика појаснија дека во моментов е рано да се зборува за конкретни решенија.

„Нека завршат математиките што ги прават стручните служби и ќе има промени во Законот за пензионирање. Владата го препознава овој момент полициските службеници да го продолжуваат работниот однос. Со укинувањето на продолжувањето на работниот стаж, ќе се отворат и нови работни места за младите“, изјави премиерот во Велес, пренесе порталот СДК.

„Законското решение ќе претрпи промени. Работниците едвај чекаат да наполнат години и да одат во пензија, додека во некои струки тоа се продолжува. Правиме пресметки колку тоа ќе го чини пензискиот фонд. Кога ќе пресметаме, набргу ќе излеземе во јавност со решение“, укажа Заев.