Нема основа да се протера рускиот амбасадор, оценува Османи


 

Откако руската влада ја прогласи Македонија како непријателска земја поради поддршката на Украина и одредените повици во земјава дека рускиот амбасадор треба да се прогласи за персона нон грата, министерот за надворешни работи изјави дека нема основа за такво нешто. За време на гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 Бујар Османи „не е прекршување на тоа ниво за амбасадорот да се прогласи за персона нон грата“. Повид за барањата за протерување на амбасадорот беше и изјава на руската амбасада дека „ги следи граѓаните и дека истражува присуство на русофобија“.

Но Османи на одреден начин повика на бојкот на руските стоки велејќи дека граѓаните кои се снабдуваат со нафта од руски компании во земјава, индиректно ја финансираат руската армија. „Мислам дека Руската Федерација главно се финансира преку извори на енергија. Доминантните приходи на Руската Федерација се од готови енергетски ресурси. Секако дека со нивното купување се финансира руската армија, таму нема дилема“, рече министерот.

Тој нагласи дека македонија мора да ја преадаптира својата долгорочна енергетска стратегија. „Ние сме зависни 100 отсто од рускиот гас, а за другите горива главно се снабдуваме од Грциј. Цела Европа е зависна од руските енергетски ресурси. Потпирањето единствено на обновливите извори на енергија не е одржливо бидејќи тие не се константни. Имајте сончев ден, имајте повеќе струја. Сега гледам дека Европа се свртува кон јаглен и нуклеарна енергија. Северна Македонија секако треба да ја преадаптира својата долгорочна стратегија кон енергетските ресурси“, изјави Османи.