Нема олеснување на мерките


Фото: Б. Грданоски

Пред неколку минути заврши состанокот на Комисијата за инфективни болести. Поради зголемувањето на бројот на заразени лица, Алсат- М дознава дека нема да има олеснување на мерките. Членовите на Комисијата одлучиле за ова тема да дебатираат после понеделник.

Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1. Досега во земјата се направени вкупно 18821 тестирања на КОВИД-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил.

Досега во Македонија се заразени 1.622 лица, 1.112 се излечени, 10.414 лица се во изолација, а 91 се починати.