Нема лекарска грешка за смртта на седуммесечното бебе


Фото: Б. Грданоски

Извештајот за постапувањето со седуммесечното бебе кое почина на Клиниката за педијатрија покажал дека нема лекарска грешка.

Уште во понеделникот го видов извештајот и за среќа покажа дека нема лекаска грешка, вели министерот за здравство Арбен Таравари, по денешната посета на оваа клиника.

За причината за сртта на детето, тој вели дека можеби било донесено предоцна, или пак болеста си го направила своето.

Директорот на Клиниката д-р Реџеп мемеди вели дека прават напори да вработат доволно кадар што ќе може да ги пружи сите услуги за малите пациенти, а се работи и за лекари и средно медицински персонал.

– Во однос на зголемување на лекари-специјалисти на дежурства, тоа е системски проблем што треба да се решава и со зголемување на бројот на специјалисти во иднина, би можеле да се стават повеќе дежурачи во иднина на клиниката. Меѓутоа специјализнатите се лекари со лиценца и тие се копметентни да прегледуваат пациенти – додава Мемеди.

Таравари додаде дека наскоро со „Мој термин“ ќе се овозможи и специјализнатите кои што специјализираат на сите медицински факултети и тие да имаат простап и тие да можат да подготват извештај со нивно име и презиме, да не биде како до сега кога специјализантот прегледува, специјалистот е тука, а извештајот оди со специјалистичкиот факсимил. Ќе се подготват печати со имињата на специјализнатите.

Иманo, седуммесечното бебе почина на клиниката кон средината на декември, а било примено една недела претходно поради сериозен синдром кој зафатил повеќе органи, а во меѓувреме тешката здравствена состојба дополнително се влошила.