Нема кривична до обвинител дека иселеници примале плата од „Комунална“


Фото: Б. Грданоски

Нема кривична пријава дека во „Комунална хигиена“ им се исплаќале пари на лица што биде трајно преселени во Германија. Скопското Обвинителство посочува дека пријавите од Косана Мазнева биле само за случувањата со бојкотот во претпријатието и несобирањето смет. Од  таму ја повикуваат Мазнева, доколку забележала незаконитости, да ги пријави.

– До овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е доставена пријава со таква конкретна содржина. Доставени се неколку пријави поврзани со случувањата во наведеното јавно претпријатие и наводите веќе се проверуваат. Јавното обвинителство ги поттикнува институциите надлежни за откривање кривични дела да извршат проверки и да достават соодветни поднесоци за сите кривични дела што притоа ќе ги откријат. Исто така, и самите претпријатија, доколку констатирале незаконитости во работењето, должни се тоа да го пријават до надлежните органи, одговорија од Обвинителството на прашањето дали има пријава за лицата што се иселени, а примале плата од претпријатието.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, бранејќи ја директорката Косана Мазнева, рече дека некои од комуналците, кои останале без работа откако Косана Мазнева е директорка на ЈП „Комунална хигиена“, со години се иселени од Македонија, но сè уште секој месец добивале плати од претпријатието.

Вакви тврдења изнесе и директорката Мазнева, која тврдеше дека се поднесени соодветни пријави во надлежните институции.