Нема функционер заразен од корона вирус во Македонија


Ниту едно именувано или избрано лице во Владата не е во групата кај кои постои индикација за тестирање за Ковид-19, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање.

– Досега не сум слушнал дека има некој од именуваните или избрани функционери. Има бројни, многу  институции, а доколку мислите конкретно во Владата, нема лица што се на ниту еден начин во групата на лицата за кои се поставила индикација за тестирање, рече министерот.