Нема ЕУ за нас ни по 1 јули?


Можно е граѓаните на Северна Македонија по 1 јули да не можат да патуваат во европските земји. Причина поради тоа е новиот бран на Ковид-19, поради што нашата, а и други земји од Западен Балкан не можат да ги исполнат условите и да бидат дел од белата листа на ЕУ.

Како што пишува во нацрт-верзијата, Советот на ЕУ изготвил бела листа на која ги пореди државите чии граѓани ќе можат да влегуваат во земјите на ЕУ по 1 јули. На белата листа не се најде Северна Македонија, Косово, Србија и Албанија, а Црна Гора и Хрватска сепак успеаја да си обезбедија место на листата. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров не го демантираше ова, но рече дека одлуката сѐ уште не е конечна и дека консултациите по ова прашање продолжуваат.

Димитров вели дека освен Македонија, има и други земји од Западен Балкан кои не ги исполнуваат условите за да бидат дел од целосната бела листа на ЕУ.

Белата листа се очекува да се финализира следната недела и истата да се ажурира на секои 14 дена. Нашата земја од вчера ги отвори границите, но не со сите соседи. Без услов влез-излез има со Косово, Србија и Албанија, но не и со Бугарија и Грција. На 1 јули Македонија ги отвора и воздушните граници.