Нема да има зимска пауза во Премиер лигата, програмата позната следната недела

Програмата за новата сезона во Премиер лигата, која започнува на 12 септември и завршува на 23 мај, ќе биде објавена во петок, 21 август. Кампањата ќе трае пет недели пократко од вообичаеното, заради подоцнежниот почеток предизвикан од пандемијата Ковид-19.

Поради скратените термини, Премиер лигата се откажува од зимската пауза, која беше воведена минатата сезона. Тогаш, секој тим имаше пауза од еден викенд и цела недела после тоа на средината на февруари. Целта на оваа пауза беше да им помогне на играчите на репрезентацијата на Англија да бидат посвежи за Европското првенство. Шампионатот на Стариот континент е одложен за една година, но сега играчите на „Трите лава“ нема да имаат шанса за таква пауза.

Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе ја започнат сезоната најдоцна, бидејќи двата тима стигнаа до полуфиналето на Лигата на шампионите и Лигата на Европа, и многу веројатно ќе се квалификуваат во финалето на двата турнира.

Исто така, проблем ќе има и тимот на Тотенхем, кој треба да го започне своето учество во Лигата на Европа од второто квалификациско коло, чии натпревари се на 17 септември.