Нема да има одложување на затворската казна за Сеад Кочан


Денеска Кривичниот суд во Скопје донесе одлука за да ја одбие молбата на бизнисменот Сеад Кочан за одложување на вршењето на затворската казна.

„Во однос на повеќе новинарски прашања доставени до Основниот кривичен суд – Скопје, во однос на предметот од обвинителството означен како „Труст“, ја информираме јавноста дека молбата за одлагање на извршувањето на санкцијата е одбиена како неоснована и истата е доставена до странките во постапката“, стои во соопштението на судот.

Кочан со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор од 4 години и 8 месеци откако Апелација во март годинава му ја намали првостепената казна од 6 години на која беше осуден за злоупотреба на јавна набавка во јули 2018.