Некст Тајм и Лозано со заеднички концерт на Антички во Охрид


Некст Тајм и Влатко Лозаноски-Лозано  најавија заеднички концерт на 30 јули во Антички Театар-Охрид. 

Охрид, како македонски туристички бисер, е најатрактивен налето за домашните и регионалните изведувачи.

Лозано за кратко време на публиката и промовира две песни.  За роденденот ја промовираше „Ме нервираш“, а претходно  „После полноќ“. Со неговиот тим веќе работат на подготовки за снимање на видеоспот за уште една нова песна. Летово Влатко и неговиот бенд настапуваат низ повеќе градови во нашата земја, а следните концерти се закажани во Скопје, Тетово и Битола…

Дуото „Некст Тајм“  пак пролетва ја  промовираше обработката на народната песна „Кога падна на Пирина“ и видео-записот за истата, како  последен проект со преработки на стари македонски песни, по „Ја излези Ѓурѓо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам бабо“ и „Јовка Кумановка“.