Некрофилска кампања на приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ


Членови и симпатизери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваат невини животни за да упатат закани кон политичките неистомисленици, објави денес Фронтлајн. Една таква вонемирувачка фотографија е објавена на фејсбук профилот на извесен Ѓорги Стојков Ќосето. Тој на фотографијата за уши држи зајак со прст вперен (како пиштол) кон животното и на самата објава напишал „ГОТОВ СИ“.

Во коментарите под истата објава може да се забележи дека заканата се однесува на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Извесен Николче Лидер Павлов се надоврзува со уште поексплицитен коментар. На фотографијата се гледа како Павлов држи зајак за уши со нож под неговиот грклан. Следува коментар „не ти е ништо криво, ама дави го, мисли си дека е Заев.

Ова не е првпат симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и вработени на повисоки функции да објавуваат закани по живот на членови на СДСМ, а посебно за претседателот на партијата Зоран Заев. Во февруари, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе пријава против едно лице кое на Фејсбук му се зканувало на тогашниот премиер Зоран Заев, а делчевец јавно му се извини.

Вчера и ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение продолжи да ја користи епидемијата за да води кампања против СДСМ, порачувајќи дека „заразените и умрените од корона вирусот одат на нечистата совест на Заев“, што е порака што важи за сите лидери во светот, бидејќи мртви има во сите земји.

По овие фотографии се очекува реакција на организациите за заштита на животни.