Неколку помали земјотреси ноќеска во Хрватска и БиХ


 

Во вторникот кон средата, во вечерните чаови, неколку земјотреси ја погодија Хрватска, а еден од нив бил со епицентар во Босна и Херцеговина, јавува Кликс.ба.

Според податоците од Европската Медитеранска сеизмичка станица, ЕМСЦ, во неколку часа се треселе делови од Славонија, Заграб и Далмација.

Првиот потрес е забележан кај Загреб околу 23 часот и бил со јачина од три степени според Рихтер.

Како што соопшти Сеизмолошката служба на Хрвтаска, земјотресот бил кај Маркушевац, а засега не се пријавени материјални штети.

Еден час подоцна, земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтер ја погоди Далмација, а епицентарот бил во Босна и херцеговина, на 11 км од Гламоч.

Набрзо потоа, тлото во Далмација пак се тресело, со земјотрес од 3,2 степени на 15 километри од Сплит, на длабочина од 40 км.

Во коментарите на ЕМЦС страницата, луѓето пишуваат: „Добро затресе, се слушна татнеж„.

Последниот во низата земјотреси, кои ја погодија Хрватска ноќеска, повторно е забележан во близина на Сисак, со јачина од 2,4 степени на 29 километри западно од градот.

Покрај Загреб, Сисак и Глина, овој земјотрес бил почувствува и во Велика Кладуша, како и во местата на границата Хрватска-Босна и Херцеговина.

Тлото во Хрватска не престанува да се тресе од лани, кога во разорен земјотрес кај Петриња загина младо девојче.