Некои ги штити САД, некои НАТО – 5 држави кои немаат војска


Звучи малку чудно, но некои држави воопшто немаат војска. Ги има триесетина во светот, а ова се некои од нив.

Војската и военото минато може да бидат туристички атракции, без разлика дали станува збор за муезеи од едукативен карактер или паради кои ја покажуваат моќта на некои земји или нејзиното воене минато. Иако свучи по малку необично, еве пет земји во кои воопшт нема војска.

Андора

Оваа европска држава која е сместена меѓу Шпанија и Франција има мала волонтерска војска која е само церемонијална. Од друга страна, во однос на одбраната Андора има потпишани договори со своите соседи.

Костарика

Од 1949 година на Костарика официјално не постојат вооружени сили (освен ако не ја сметаме полицијата). поради тоа оваа земја најчесто ја нарекуваат „Швајцарија на Централна Америка“, затоа што прогласи трајна неутралност уште во 1983 година. Во стварноста, грбот ѝ го чуваат Соединетите Американски Држави.

Гренланд

Одбраната на Гренланд е одговорност на Данска, па гренландските власти немаат контрола над гренландската војска, ни над надворешната политика. Не постојат регуларни воени единици, но од 2009 година гренландските власти се изборија за поголема автономија во донесување на одлуките, па иднината можеби ќе донесе некои промени.

Исланд

Еве еден посебен пример: Исланд е дел од НАТО пактот, но нема војска. Исланѓаните се горди на своето минато откако прогласија независност од Данска во 1944 година. За секој случај, имаат полиција и сили на мирот.

Маурициус

Островот Маурициус своите професионални вооружени сили ги укина уште во 1968 година откако избори независност од Обединетото Кралство. Сите потребни воени работи ги извршуваат 10.000 претпријатија кои се под гонтрола на комесарот полицијата.