Нејмар одби да остане во ПСЖ уште една година


Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар е решен да го промени својот тим во текот на летото, пренесува каталонски „Спорт“.

Францускиот клуб направил последен обид да го убеди Бразилецот да остане на „Парк де пренс“ уште една сезона, гарантирајќи дека ќе му биде дозволено да си замине во 2020 година.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо лично разговараше со својот сонародник во Кина, каде што тимот се подготвува за натпреварот за францускиот Суперкуп со Рен.

Дваесет и седум-годишниот Нејмар, сепак, го отфрли предлогот на клубот и сепак се надева дека ќе се врати во неговиот поранешен клуб Барселона до крајот на трансфер прозорецот. Напаѓачот го известил раководството на ПСЖ дека сака да си замине во текот на летото, по што односите меѓу него и клубот нагло се влошиле.