Нејмар, Ди Марија и Паредес позитивни на коронавирус


Пандемијата ги нападна и играчите на Пари Сен Жермен, откако со позитивен тест на коронавирус се покажаа Нејмар, Анхел Ди Марија и Леандро Паредес, соопшти тимот.

Клубот официјално призна три заразени, но не ги именуваше.

Ова автоматски значи дека дотичните играчи ќе бидат изолирани најмалку 14 дена и ќе ги пропуштат натпреварите на тимот во овој период.

Откако Французите одиграа финале во Лигата на шампионите на 23 август, тие со задоцнување ќе започнат во Лига 1. Нивниот прв шампионски натпревар ќе биде на 10 септември против Ленс.