„Нејчр токс“: Фотографија од природата за 2023 година


„Нејчр токс“ (Nature Talks) ги објави победниците на натпреварот „Фотограф на природата за 2023 година“ (Nature Photographer of the Year 2023). Главната награда оди кај Жаки Матечук од Канада за нејзината слика со наслов „Неговиот поглед кон небото“ на којашто е прикажан мечок на дрво.

– Шпанскиот мов (лат.: Tillandsia usneoides, з.п.) е секогаш убава, многу фотогенична тема и често сама може да понуди визуелно занимливи композиции, како од гледна точка на бојата, така и текстурата. Мечокот кој минува низ шпански мов и оди по дрво е нешто што ги надминува најлудите соништа на фотографите на природата, рече Марко Гајоти, претседател на жирито.

Повеќе податоци за овој престижен натпревар може да се видат на нивната интернет-страница. На натпреварот беа доделени и други награди за впечатливи фотографии.