Негователка во градинка во Битола позитивна на вирусот, 5 деца се во изолација и исто толку вработени


Само два дена од почетокот со работата на градинките во Битола потврден е првиот случај на заболен од Ковид-19 кај негователка.

Според Центарот за јавно здравје денес во Битола се потврдени четири нови случаи лицата се на возраст од 54 до 65 години, а меѓу нив им и негователка во градинка.

„Во бројот на пријавени нови случаи во Битола припаѓа и едно лице кое работи како негователка во детска градинка. По спроведеното епидемиолошко истражување, за 5 деца од градинката, 3 воспитувачки и 2 негователки е даден предлог до ДСЗИ за ставање под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице“, информираат од Центарот за јавно здравје од Битола.

Во сите девет градинки под надлежност на ЈОУДГ  „Естреја Овадија Мара“ во Битола згрижени се 459 деца, од вкупно 680 деца кои биле запишани пред корона кризата.

Во ЈОУДГ „Мајски цвет“ згрижени се уште 190 деца. (А.Б.)