Нефи Усеини градеше без дозвола, а сега ќе се грижи за животната околина


Контроверзниот советник на ДУИ во Советот на Општина Охрид, Нефи Усеини, кој незаконски  изгради бетонска база на брегот на Охридското Езеро, сега е член на Комисијата за заштита на животната средина во општината. Случајот со бетонската база, за којшто реагираа еколошките здруженија, беше актуелен пред неколку години, а дивата сепарација на советникот Усеини беше наведена и како еден од аргументите за одземање на заштитниот статус на Охрид и околината во УНЕСКО.По жестоките реакции во јавноста, објектот на Усеини беше урнат во јули 2020 година.

Усеини беше носител на листата на ДУИ на локалните избори во ноември и беше повторно избран за советник, а сега преку членството во општинското работно тело ќе има можност да ја заштитува животната средина.