Недостигот со лекари специјалисти Битолската болница го решава со преземање на кадар од приватното здравство


 

БИТОЛА – Недостигот со лекари специјалисти Битолската клиничка болница го решава со преземање на доктори од приватното здравство. Четворица лекари специјалисти веќе работат во Битола, а болницата најавува превземање на хирург од приватна здравствена устанува. Од летото лекари од Државната клиника за онкологија во Скопје веќе прегледуваат еднаш неделно пацинети болни од канцер во одделот за Онкологија во Битола. Проблемите со кои се соочува Клиничката болница Битола и плановите за надминување на состојбите денеска беа презентирани пред министерот за здравство Азир Алиу.

„Потребите ни се големи, периодот за да се поправат состојбите во болницата треба да биде подолг, долго време наназад не само што не е вложувано во опрема и човечки ресуси, туку и она што го имало не било одржавано. Го запознавме министерот со ситуацијата и верувам дека министертсвото заедно со Владата ќе ја подобриме состојбата во болницата. Ние започнавме со делот човечки ресуси, оти вработувањата на млади лекари во блиска иднина не ја поправа состојбата, тоа го увидивме, бидејќи долги се во времетраење специјализациите, и затоа привлековме четворица готови специјалисти од приватно здравство. Имаме најава на еден хирург од приватна болница кој треба да почне со работа“, изјави д-р Ненси Лозанче, директор на Битолската болница.

Во болницата веќе работат специјалисти од приватното здравство – инфектолог, интервентен кардиолог, интернист и кожен лекар. Според д-р Лозанче потребни се вложувања во инфраструктура и нова опрама во болницата.

Министерот Алиу беше во обиколка на одделението за Ургентна медицина, болничката лабораторија и одделот за Онкологија. За надминување на пробемот со лекари специјалисти најави дека се прават планови да се намали времетраењето на специјализациите и профилот на специјализанти да биде според потребите на државните здравствени установи.

„Битола е регионален центар и во иднина ќе инвестираме во инфраструктура обуки и едукација на здравстевниот кадар“, рече министерот и потенцираше дека приоритет за Битола е одделот за Онкологија. На Онкологија ќе се донесе најсовремен СТ стимулатор за пациентите на зрачна терапија, а постапката веќе е одобрена од Владата.

„Онколошки болните пациенти за жал ги имаме во се поголем број во нашата држава. Нивната здравстевна состојба е таква што мачно е да патуваат од Битола до Скопје, затоа ќе инвестираме и во човечи ресурси и во инфраструктура за да можат потребните здравстевни услуги да ги добиваат тука локално. Рабите брзо во Битола да се донесе СТ стимулатор, работите беа пролонгирани заради локалните избори “, рече министерот. (А.Б.)