Недостигот на антибиотици го вклучи алармот, се бара поголем ангажман од ЕМА


 

Европската агенција за лекови треба да стори повеќе за да се справи со недостигот на некои широко распространети антибиотици во регионот, се вели во писмото од група европски организации за пациенти и потрошувачи.

Писмото до Европската агенција за лекови (ЕМА) е испратено во време кога антибиотиците, вклучително и амоксицилин и амоксицилин плус и клавуланска киселина, а особено формулациите за деца, се дефицитарни од октомври минатата година.

Во писмото се вели дека мерките како што е замената на амоксицилин со други антибиотици влијаеле на залихите на некои други лекови и дека моменталните чекори што се преземаат за справување со недостигот не ја решија кризата.

Конзорциумот побара од ЕМА да го прогласи тековниот недостиг на антибиотици како „голем настан“, што би значело дека агенцијата може да ги координира активностите за справување со недостигот на паневропско ниво и да бара од производителите да известуваат за своите обврски.

Писмото беше потпишано од 11 организации, меѓу кои и Европската алијанса за јавно здравје (EPHA), Европската организација на потрошувачи (BEUC) и Европската фондација за нега на новороденчиња (EFCNI).