„Недела на македонски производи“ во Букурешт


Фото: Б. Грданоски

Министрите за земјоделство и за економија, Арјанит Хоџа и Крешник Бектеши и македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов, денеска во Букурешт ќе ја отворат еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи „Недела на македонски производи“.

Настанот во Букурешт, како што најавија од МЗШВ, ќе се одржи во зградата на Стопанската комора на Романија.

Пред влезот во салата ќе бидат поставени штандови со македонски производи од повеќе компании, кои ќе ги презентираат своите брендови и кои ќе бидат наменети за дегустација за гостите на настанот и за сите посетители кои во наредните денови ќе ја посетат промоцијата. Таа ќе трае до 18 јуни.