Недалеку од Англија се урна американски борбен авион


Американски борбен авион се урна денес во Северното Море, недалеку од брегот на северозападна Англија, објавија американските воздушни сили. Телото на пилотот беше пронајдено по неколку часовно пребарување.

Американските воздушни сили објавија дека е пронајдено телото на пилотот на американскиот борбен авион, кој се урна денес во Северното Море, крај брегот на северо-источна Англија.

Во соопштението се вели дека станува збор за трагична загуба за 48-та борбена единица на американските воздушни сили и изразува сочувство до семејството на пилотот, пренесува Ројтерс.

Спасувачките служби го пронајдоа  авионот  денес, кој се урна околу 9,40 часот, додава АП.

Причината за несреќата засега е непозната.