Не знаат сите дека малите гласачки места се дислоцирани


Фото: Б. Грданоски

Државната изборна комисија, поради мерките за заштита од корона вирусот, изврши проверка на избирачките места.

Избирачките места кои не беа соодветни, односно беа мали, беа дислоцирани. Сепак, според “ЦИВИЛ”, не сите граѓани биле известени на време дека нивните избирачки места се преместени. Такви случаи има во Штип, Куманово, Кочани, Пробиштип, Скопје.

Поради ова, голем број на гласачи се револтирани и нема да гласаат. Во дислоцираните места постои забуна за тоа каде треба да се гласа, бидејќи избирачките места се поделени на повеќе простории, известува “ЦИВИЛ”.

Според пријавите на гласачите, и покрај дислокациите, и натаму постојат избирачки места каде не се запазени протоколите за заштита од коронавирусот.

Таков пример имаме во Штип, каде избирачките места 2284 и 2289 се сместени во една училница.

Од “ЦИВИЛ” јавуваат и дека може да забележи несоодветно носење на маски меѓу гласачите и членовите на избирачките одбори, како и некористење на дезинфикациски средства.