Не се смирува епидемијата во Италија, повеќе заболени од вчера

 

Во Италија во последните 24 часа починаа 195 луѓе, 23 повеќе од вчера, со што вкупниот број на жртви од вирусот достигна 31.106, наведува Гардијан.

Бројот на нови случаи денеска е 888, а и тој е поголем од вчера кога беа регистрирани 514 новозаболени.

Кабинетот на премиерот Џузепе Конте очекува дека наскоро ќе им биде одобрен пакет вреден 55 милијарди евра наменет за опоравување на италијанската економија.

Овој долго очекуван паке ќе биде наменет за опоравување на малите претпријатија, за семејствата кои се борат за преживување под блокада, работниците кои останаа без работа, фриленсерите, за секоторот здравство и туризам.

Владата исто така постигна договор за легализација на мигрантите кои работат во земјоделството и како негуватели, пренесе Анса.