„Не ми оди добро“: Данската премиерка четири дена по нападот

Прво интервју на Мете Фредериксен по нападот во петок. Таа изгледа уште трауматизирана


Мете Фредериксен

 

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, изјави дека сè уште „не и оди одлично“, но дека ќе продолжи да работи, во своето прво интервју откако беше нападната на плоштадот во Копенхаген минатата недела.

Фредериксен (46) претрпе мал удар во нападот минатиот петок, за кој се смета дека не бил политички мотивиран. 39-годишен Полјак е приведен поради сомнение за напад.

„Не ми оди добро, и сè уште не сум навистина своја“, изјави Фредериксен за данскиот радиодифузер ДР во интервју емитувано во вторникот.

Фредериксен не даде детали за нападот, но рече: „Беше многу застрашувачки кога некој ќе ја премине последната физичка граница што ја имате. Има некој шок и изненадување во тоа“.

Таа рече дека тоа е „веројатно и акумулација на многу други работи. Заканите во подолг временски период на социјалните мрежи се влошија, особено по војната на Блискиот Исток. Викање на јавен простор. Можеби тоа беше последната капка“.

„Како човечко суштество ова го чувствувам како напад врз мене“, рече Фредериксен во 10-минутното интервју. „Но, не се сомневам дека е напшаднат премиерот. На овој начин, тоа станува и еден вид напад врз сите нас“.

„Ниту една форма на насилство нема место во нашето општество“.

Таа продолжи: „Попрво би сакала да ја имаме Данска каде што премиерот може да вози велосипед до работа без да биде загрижен. Јас сум Мете во мојата суштина, но јас сум премиер на земјата. Така, институција која не смеете да ја нападнете, како полицијата“.

Уапсен е 39-годишен Полјак кој ќе биде задржан во притвор до 20 јуни под прелиминарните обвиненија за насилство врз лице од јавна служба. Во Данска, прелиминарните обвиненија се еден чекор помалку од формалните, но им дозволуваат на властите да ги задржат осомничените за криминал во притвор за време на истрагата.

Во судот, осомничениот, кој не беше идентификуван, наводно ја пофалил Фредериксен како „навистина добар премиер“, а инспекторите се сомневаат дека тој бил под дејство на дрога и алкохолизиран во моментот на инцидентот што се случи нешто пред 18 часот во петокот.Медиумите објавија дека мажот тргнал кон Фредериксен и силно ја турнал додека минувала покрај еден од главните плоштади во Копенхаген. Со стегната тупаница ја удрил нејзината над десна рака.

Фредериксен не се појави во јавноста по нападот и не учествуваше на јавни партиски настани пред неделните избори за Европскиот парламент. Нејзината партија, социјалдемократите, се соочи со загуба во гласањето.

Фредериксен стана најмладата данска премиерка кога ја презеде функцијата во 2019 година. Таа победи на реизбор на законодавните избори во 2022 година. (АФП)