„Не ме викај аутист – моето име е Адам” – книга за животот со аутизам
Мојот живот се дели на два дела, првиот е до раѓањето на Адам и соочувањето со аутизмот, а вториот дел целосно го избриша првиот и одеднаш станав само мајка на Адам.
Со овие емотивни зборови го започна својот говор авторот на книгата „Не ме викај аутист – моето име е Адам”, Аниса Ејуп Беќировиќ, на денешната промоција во Даут – пашин амам .
Беќировиќ која воедно е мајката на главниот лик во книгата Адам, истакна дека насловот крие многу важна порака.
– Со одземањето на името ние го одземаме и идентитетот на личностите, а сите овие лица се личности кои навистина постојат, кои поинаку функционираат, но сепак имаат исти емоции, исти желби и емоции и потреби како и сите останати, изјави авторката.
Таа додаде дека животот со дете со посебни потреби е секојдневен предизвик.
– Да се биде родител на дете со посебни потреби е исто како да живееет во еден паралелен универзум со универзумот во кој ќивееат сите останати типичнио семејства бидејќи нашето секојдневие е сосема различно, но најбитно од се е дека е полно со љубов и нови предизвици со кои секојдневно се соочуваме, но ги пребродуваме, затоа што јас сум личност која никогаш не се откажува и за мене не постои зборот невозможно, потенцираа таа.
Директорката на националната галерија на Македонија, Дита Старова Ќерими рече дека Националната галерија преку поддршка на ваквите настани се грижи за унапредување на положбата на овие лица.
– Проблемите со кои секојдневно се соочуваат децата со аутизам и нивните семејства како и фактот дека нивниот број секојдневно се зголемува, ние како национална посветено работиме на унапредување на нивната положба гледаме на нивниот успех како успех за сите нас, покрај големиот број едукативни проекти кои се посветени на ранлиивте категории на деца редовно ги поддржуваме сите настани коио се во насока на подигнување на јавната свест, па така и оваа промоција е дел од активностите кои галеријата ги поддржува, рече Ќерими.
Таа порача дека разликите треба да се прифатат и да се слават.
– Книгата изобилува со пораки чија цел е будење на свеста и отворање на портите на оваа енигма за сите нас типичните, се праќа неверојатна порака за будење на емпатијата кон сите, заклучи директорката.
На промоцијата присуствуваа и првата дама Елизабета Пендаровска и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Министерката Тренчвска потенцира дека е потребно да се обезбеди овие лица да станат активни граѓани кои ќе имаат свој придонес во општеството.
– Прикажаните ликови и настаните во книгата на семејство кое има член со аутизам се реални, испратената порака да ја разбудиме свеста и да ги отвориме портите на оваа енигма е силна, не е точно кога некој ќе каже децата со ауизам живеат во свој свет, бидејќи овие деца го доживуват светот на еден поинаков начин, светот е истиот наш заеднички, а во него ние типичните треба да обезбедиме да бидат еднакв и утре да станат активни граѓани, изјави министерката.
Тренчвска заклучи дека инклузијата во образованието е клучна, бидејќи како што рече само на тој начин ќе се подобри нивната положба.
– Само на тој начин тие во иднина ќе можат да допринесат за општеството, со таа цел во изминатите години министерството сериозно вложува во инклузивноста на градинките како во обезбедување на пристапноста така и во зајакнување на кадарот за работа со деца со попреченост, додаде Тренчевска.
Министерката најави дека годинава ќе бидат изградени дополнителни 10 градинки со цел обезбедување на еднаков пристап на сите деца во секое населено место и потенцира дека приоритет на Министерството е воспоставување на нов дневен центар за деца кои се соочуваат со аутистичен спектар според најсовремениот модул кој ќе опфаќа индивидуален пристап за личен развој и рехабилитација, и ќе дава поддршка на родителите на децата со аутизам.
Аниса Ејуп Беќировиќ воедно е автор и на книгата насловена „Јас и аутизмот“.