„Не е време за умирање“ е насловот на новиот филм за Џејм Бонд

Англија-Долгоочекуваниот нов филм за Џејмс Бонд ќе се вика „Не е време за умирање“ (No Time To Die ), објавиле на официјалниот Твитер профил на продукцијата.

Филмот претходно имаше наслов „Shatterhand“, но името го променил за да биде во тек со претходните култни филмови за британскиот шпион. Снимањето на филмот сè уште трае, а ова ќе биде последното појавување на Даниел Крег во улогата на агентот 007, пренесуваат од „Дејли Мејл“.

Во новиот филм спокојниот живот на агентот 007 на Јамајка прекинат е кога неговиот пријател ќе го повика да му помогне во мисијата за спасување на киднапираниот научник.

Режисер на филмот е Кери Фукунаг додека пак сценариото го напишала Фиб Валер Бриџ.

Во текот на снимањето се случиле многубројни незгоди како на пример ситуацијата со Даниел Крег кога во мај месец паднал во текот на снимањето на Јамајка и го скинал лигаментот на зглобот, а поради тоа морал да оди на операција. Актерот по операцијата закрепнувал две недели што дополнително го одложило снимањето на филмот.

Филмот освен на Јамајка се снимал на многубројни локации ширум светот, како што се Норвешка, Италија, Англија, а преместувањето на екипата во Шкотска кажува дека култниот таен агент повторно ќе го посети својот дом од детството кои обожавателите можеа да го видат во „Skyfall“.

Премиерата на филмот за Џејмс Бонд закажана е за 3 април следната година во Велиак Британија и на 8 април во САД.