Не е случајно: Зошто семафорот има црвена, жолта и зелена боја


Семафорите постоеле многу пред појавата на автомобилите. Тие првпат биле користени за давање сигнали на возовите во 19 век. Уште во тоа време црвеното сигнализираше дека треба да застанете. Зелената, сепак, не сигнализираше дека треба да одите или да продолжите да возите, туку претпазливост, додека белата ја имаше улогата што ја има зелената денес.

Ова им направи големи проблеми на машиновозачите бидејќи белата боја на хоризонтот ноќе не се разликува многу од ѕвездите. Поради оваа причина, железничките компании одлучија зелената боја да биде онаа што сигнализира безбедно поминување, а така остана и до денес (освен во Јапонија, каде истата улога ја има сината боја).

Што се однесува до црвената боја, таа практично секогаш сигнализирала опасност, многу пред модерниот сообраќај. Поради тоа што е бојата со најдолга бранова должина, најлесно се разликува од далечина.

Жолтата, од друга страна, има бранова должина помеѓу црвената и зелената, па затоа е идеална како симбол на претпазливост.