НБА: Меч на кариерата за Богдановиќ, 48 поени на Хрватот за нов триумф на Јута
Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Бојан Богдановиќ го одигра најдобриот натпревар во својата НБА кариера, предводејќи го синоќа тимот на Јута до триумф на домашен терен над Денвер со 127:120.
Богдановиќ уфрли 48 поени, реализирајќи притоа осум тројки од 11 обиди, а додаде и осум скокови и две асистенции.
Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот и сабота:
Филаделфија – Њу Орлеанс 109 :107
Чикаго – Бостон 121 : 99
Шарлот – Орландо 122:112
Мајами – Минесота 121 :112
Милвоки – Хјустон 141 :133
Далас – Кливленд 110:90
Јута – Денвер 127:120
Феникс – Њујорк 128 :105
Портланд – ЛА Лејкерс 106 :101
Сакраменто – Сан Антонио 104:113.