НБА: Јокиќ собори клупски рекорд на Денвер


Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го совладаа синоќа на домашен терен Денвер со 126-108 во натпревар во кој гостинскиот центар Никола Јокиќ го собори клупскиот рекорд според бројот на скокови.

Јокиќ дуелот го заврши со 25 поени, 11 скокови и осум асистенции и стана најдобар скокач во историјата на Денвер во НБА лигата.

Јокиќ сега има 5.713 скокови, шест повеќе од Ден Ајсел.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот и сабота:

Шарлот – Атланта 106:125,

Детроит – Сакраменто 113:122,

Бостон – Орландо 109:117,

Кливленд – Индијана 118:112,

Филаделфија – Голден Стејт 118:106,

Торонто – Бруклин 116:119,

Чикаго – Њујорк 94:114,

Оклахома – Минесота 110:112,

Далас – Портланд 130:110,

ЛА Лејкерс – Денвер 126:108.