НБА: Чудесниот Јокиќ го одведе Денвер во финалето на Западната конференција


 

„Денвер Нагетс“ го совлада „Феникс Санс“ со 125-100 во шестиот натпревар од полуфиналето на плејофот во Западната конференција на НБА. Тоа беше четврта победа на најдобриот тим на Западот во оваа серија, клучна за влезот на „Денвер“ во конференциското финале. Никола Јокиќ повторно блескаше.

До овој натпревар секоја екипа беше сигурна на домашните натпревари. Тоа се смени во петокот вечерта кога „Денвер“ го реши прашањето за победникот со фантастично прво полувреме. По првата четвртина имаше предност од 44:26, на полувремето беше 81:51, а до крајот на натпреварот мирно го контролираше текот на натпреварот.

Јокиќ повторно беше на висина на задачата со нов трипл-дабл учинок. Натпреварот го заврши со 32 поени, 10 асистенции и 12 скока, а серијата против „Феникс“ со просек од 34,5 поени, 13,2 скока и 10,3 асистенции по натпревар, пренесува Индекс.хр.

Само тројца играчи во историјата одиграле серија со трипл-дабл просек, а во неа постигнале 30 или повеќе поени. Расел Вестбрук во 2017 година во првото коло од плеј-офот, Леброн Џејмс истата година во финалето и сега Јокиќ.