Навални вели дека разговарал со агентот што бил од екипата што го отрула и тој признал


Рускиот опозициски лидер наводно бил отруен со новичок ставен на неговата долна облека – боксерските шорцеви

 

Еден од оперативците, наводно, вмешан во обидот за убиство на Алексеј Навални, ја признал својата улога во заговорот, и откри дека рускиот опозициски лидер очигледно бил отруен преку неговата долна облека.

Навални им телефонирал на двајца членови на тимот од руската шпионска агенција ФСБ, која наводно се обидела да го убие. Еден го препознал веднаш и ја спуштил слушалката. Вториот оперативец, Константин Кудрјавцев, навидум се измамил дека мислел дека разговара со помошник кој работи за врвен генерал на ФСБ.

Повикот беше упатен неколку часа пред истражувачката веб-страница „Белингкет“ да објави детали минатата недела за осумте офицери на ФСБ кои наводно го отруле Навални.

Навални го преживеа обидот да биде убиен во август и се опоравува во Германија.

Претставувајќи се како „Максим Устинов“, измислен соработник, Навални го праша Кудрјавцев за детали од операцијата и побара да знае што се изјаловило.

Не знаејќи дека е зимамен, Кудрјавцев очигледно потврди дека ФСБ стои зад труењето. Тој рече дека неговите колеги примениле новичок на „внатрешните споеви“ на боксерските шорцеви на опозицискиот лидер, кога Навални престојувал во сибирскиот град Томск.

Извиднички тим претходно го посетил хотелот „Ксандер“ и ги исклучил камерите за видео надзор, рече Кудрјавцев. Откако сѐ било исчистено, оперативците го распоредиле отровот. Претходно се сметаше дека Навални можеби бил изложен на нервниот агенс преку чаша чај или коктел.

Сега се чини дека најверојатно новичокот бил администриран во форма на спреј или маст, или преку услугата за перење во хотелот или од службениците на ФСБ, кои се прикрале во хотелската соба на Навални. Навални рече дека не може да се сети дали боксерските шорцеви биле меѓу оние работи што му биле вратени од перење на 18 август.

Два дена подоцна, рано на 20 август, Навални ги носеше затруените шорцеви. Потоа отпатува на аеродромот во Томск и се качи на летот за Москва. Набргу по полетувањето, тој нагло се разболе. Авионот итно слета во Омск и Навални беше пренесен во болница и ставен на респиратор.

На прашањето зошто преживеал, на Навални му било кажано дека тоа е веројатно затоа што неговиот авион извршил итно слетување. Да продолжеше за Москва – патување од уште околу три часа – веројатно ќе умреше, рече Кудрјавцев. Имаше „многу непознати и нијанси“, додаде тој.

„Моето разбирање е дека тие пресметале сè со маргина“, рече тој, сугерирајќи дека неговите претпоставени ја добиле правилната доза на отров.

Кудрјавцев рече дека тој бил испратен пет дена подоцна во Омск да ја земе и санира облеката на Навални, вклучително и неговата долна облека и да ги отстрани сите траги од новичок. Во повикот тој му рече на Навални дека операцијата за чистење е извршена ефикасно.

Навални побара враќање на облеката од Русија. Во септември тој се пожали дека ФСБ уништила можни докази за нејзиното злосторство. Тој беше пренесен со авион од Русија во Берлин „целосно гол“, рече тој.

„Со оглед на тоа што новичок беше пронајден на моето тело и дека инфекцијата преку контакт е многу веројатна, мојата облека е многу важен доказ“, рече тој. „Барам облеката внимателно да се спакува во пластична кеса и да се врати кај мене“.

Минатата недела „Белингкет“ идентификуваше тројца оперативци на ФСБ од тајна единица кои патуваа заедно со Навални до сибирскиот град Новосибирск. Вклучија двајца лекари – Алексеј Александров и Иван Осипов – и Владимир Пањаев, чија улога се чини дека била извидување. Триото го следеше Навални до Томск.

Според „Белингкат“, повикувајќи се на податоци за летот и телекомите, биле вклучени најмалку уште пет други оперативци на ФСБ. Во неговиот последен извештај се споменуваат уште две имиња, вклучително и локален началник во одделот на ФСБ, кој беше фотографиран во болницата во Омск, каде што се лекуваше Навални. (Гардијан)