Навални, политичкиот противник на Путин вели: Се враќам во Русија


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој се лекува во болницата „Шарита“ во Берлин, каде долго време беше во кома, изјави дека сака да се врати во Русија.

Според „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на германски извори, Навални му открил на обвинителот што планира да направи кога ќе се опорави.

Човек од германското обезбедување потврди за „Њујорк Тајмс“ дека рускиот опозициски лидер има „остар ум“.

„Тој е целосно свесен за неговата состојба, за тоа што му се случило и знае каде е“, изјавил овој анонимен службеник.

Медицинарите кои го лекуваа Навални,  не утврдија зголемување на шеќерот во крвта на првичните тестови и не приметиле никакви знаци на метаболичко нарушување, потврдија пет медицински извори за Ројтерс.