Навални објави фотографија од болница, сака да се врати во Русија


 

Рускиот опозиционер Алексеј Навални денеска на инстаграм ја објави својата прва фотографија откако деновиве се разбуди од кома.

„Здраво, овде навални. Ми недостигате. Се уште не можам да работам, но вчера цел ден можев самостојно да дишам. Без помош од страна, дури ни обичниот вентил во грлото не го користев. Многу ми се допадна. Неверојатен, потценет од моите процеси. Препорачувам3, напиша Навални на својот Инстаграм профил.

Навални се лекува во германската болница „Шарите“, откако беше затруен со „новичок“. Руската страна негира дека отровот се наоѓал во организмот на навални додека тој беше во Русија.

Како што денеска порано пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на германски извори, Навални на тужителот му рекол дека не сака да остане во Германија.

https://www.instagram.com/p/CFJwV0Dly0Z/?utm_source=ig_embed

„Нема намера да биде во егзил во Германија. Сака да се врати дома во Русија и да ја продолжи својата мисија“, открил службеник од германската безбедносна служба.

Тој вели дека опозиционерот е со бистар ум, свесен е за својата состојба, знае каде се наоѓа и знае што му се случило.

Болничарите кои го лечеа Навални откако му се слоши во авион, во првичните тестови не утврдија зголемено ниво на шеќер во крвта и не виделе знаци за нарушен метаболизам, како што тврдеа руските извештаи по неговото лекување во болницата во Омск. Германските лекари тврдат дека тој е отруен со бојниот отров „новичок“.