Навални излезе од болница

Германската клиника „Шарите“, во која се лекуваше рускиот опозиционер Алексеј Навални, соопшти дека тој е отпуштен од болницата.

Навални беше префрлен во германската болница откако му се слоши на летот за Омск, а по првичното хоспитализирање во локална болница, неговото семејство побара преврлање на опозиционерот во германската болница.

Тамошните лекари тврдат дека Навални бил затруен со нервниот отров „новичок“, чии трагови наводно беа најдени на шишиња со вода во хотелот во кој престојувал.

Русија ги негира овие резултати.

Навални беше затруeн на 20 август годинава, а притоа беше однесен на лекување во германската болница „Шарите“, каде се лекува еден месец.