Наумовска: Учебната година да почне од 15 септември


Фото: Б. Грданоски

Министерството за образование и наука предлага наставниот час во основно образование да трае 30 минути, а во средно образование – 35 минути, вели заменичката-министерка за образование и наука Елизабета Наумовска во интервјуто за Мета во кое ги објаснува новите предлози на ова министерство. Сите овие предлози се веќе во завршна фаза и сега за нив треба да се усогласат Комисијата за заразни болести, МОН и Кризниот штаб, по што Владата ќе го има крајниот збор.

Елизабета Наумовска, заменик-министерка за образование и наука
Наумовска вели дека ако се усвојат ваквите предлози на училиште задолжително ќе треба да одат децата од прво до трето одделение, а останатите ќе учат онлајн, освен во оние училишта каде што има доволно простор настава во исто време да следат и деца од повисоките одделенија. Таа вели дека најдобро е учебната година да започне околу 15 септември, зашто многу нешта зависат од политичката состојба во државата.

– Стартот многу зависи од тоа кога ќе се формира Влада. Први септември како датум е невозможно да се испочитува, многу е кусо времето. Мора да почекаме прво да се усвојат законски измени за сите овие новини, кои зависат од Собранието, па потоа да се почне со настава – вели Наумовска.

Според новите предлози, децата нема да имаат топол оброк на училиште. Секој од нив ќе си носи од дома храна или ќе им ја подготвува операторот со храна ангажиран од училиштето, но оброкот ќе е спакуван. Часот се предлага да трае 30 минути. Ако паралелката е со поголем број деца, тогаш децата би биле поделени во две групи. Наставникот прво би ги одржувал часовите со едната група, а потоа и со другата. Пред да дојде во училница втората група ученици, работните простории и целата училница ќе се дезинфицираат. Во помалите општини, односно во руралните општини каде што бројот на ученици не е голем, со физичко присуство ќе имаат настава и останатите ученици од повисоките одделенија.

Според Наумовска, сепак се педлага децата да имаа голем одмор, иако ризикот за ширење на заразата е најголем внатре, во ходниците и во училиштните дворови, каде што децата се мешаат. Но, Наумовска вели дека наставниците ќе имаат контрола врз ситуацијата и дека нема да го дозволат тоа.

Целиот текст ТУКА