Научниците створија дијаманти од пластика
Научници гаѓале пластика со силен ласер при што успеале да направат дијаманти. Сличен процес веројатно се случува при високи температури и притисоци на некои планети во Сончевиот систем, што би можело да објасни зошто Уран и Нептун се толку чудни.
Стручњаците и претходно успеаја да створат нанодијаманти насочувајќи ласери кон мешавина од јаглерод и водород, но за тоа биле потребни исклучително високи притисоци.
Физичарот Зигфрид Глензер од институтот СЛАК во Калифорнија и неговите колеги открија дека во ист процес, но во помалку ектремни услови, може да претворат обична ПЕТ пластика, која содржи јаглерод, водород и кислород, во дијаманти. Ваков вид пластика обично се користи за изработка на шишиња и други пластични садови.
Се створија дијаманти и суперионска вода
Кога испалиле силен ласер на пластиката, таа се загрела на температура меѓу 3200°C и 5800°C, а ударните бранови кои ги генерирал ласерскиот пулс створиле притисок од 72 гигапаскали, што е еднакво на една петтина од притисокот во земјиното јадро. Тоа го одвоило водородот од кислородот и од јаглеродот и створило ситни дијалманти со пречник од неколку нанометри и суперионска вода, која полесно ја спроведува струјата отколку обичната вода.
„ДОбивме ваков резултата пти пониски притисоци отколку во претходните експерименти со други материјали. А внатрешноста на планетарните џинови, исто како и ПЕТ, содржи кислород, водород и јаглерод. Тоа значи дека таму веројатно насекаде има дијаманти“, вели Глензер, пренесе New Scientist.
Дијамантите кои се формираат на нептуновиот слој и потоа тонат кон јадрото, стварајќи притоа триење и топлина, може да ги објаснат неговите температури. А внатре во Уран, џеповите на суперионска вода од стварањето на дијамантитеможе да спроведува електрична енергија, што би можело да има врска со чудниот облик на неговото магнетно поле.
Можеби ќе можеме да одгледуваме дијаманти
„Следниот чекор е да се направат детални модели и да се види моќе ли тие да ги објаснат спомнатите мистерии на овие планети. Другиот чекор би бил собирање нанодијаманти“, вели Глензер.
Слични материјали веќе се користат во индустриските процеси и може да бидат корисни во многу научни примени, но обично се произведуваат со помош на експлозиви.
„Во други експерименти, каде беше потребен висок притисок, условите беа толку екстремни и динамични што нак рај дијамантите се распаднаа. Сега, кога пронајдовме начин да направиме дијаманти при понизок притисок, можеби ќе иаме прилика да „одгледуваме3 дијаманти“, вели Глензер.
Истражувањето се нарекува Diamond formation kinetics in shock-compressed C─H─O samples recorded by small-angle x-ray scattering and x-ray diffraction, а објавено е во магазинот Science Advances.