Научниците развија микро нуклеарен реактор: Мал, евтин и сигурен
Во време кога човештвото се соочува со последици од климатските промени и размислува за нуклеарни електрани, научниците развија микро нуклеарен реактор.
Просечна нуклеарна електрана произведува 8.000 пати повеќе енергија од фосилните горива и е еколошки поприфатлива, но постои еден проблем. Се работи за ризикот од нуклеарните катастрофи, како онаа што се случи во 1986 година во Чернобил, како и онаа во 2011 во Фукушима.
Професорот Метју Мемот и неговите колеги од Универзитетот Бригам Јанг соопштија дека дизајнирале микро реактор кој користи стопени соли место прачки за горење.
Овој систем овозможува посигурно производство на нуклеарна енергија, а моѓе да биде решение за низа други поврзани проблеми. Нукеларните реактори во САД го делат атомот на ураниум за да произведат енергија, а на остатоците од материјалот и топлината складирана во прачките од цврстото гориво потребна им е вода за да овозможи ладење Ако прачките не примаат доволно вода, прегреваат и целата постројка е во опасност од топење.
Но, научниците предлагаат складирање на остатоците од радиоактивните елементи во растопени соли место во грејни прачки.
„Нуклеарната енергија може да биде исклучително сигурна и пристапна доколку се произведува на вистински начин, Тоа е многу добро решение во моменталната ситуација со енергијата затоа што не ствара амисија и загадување“, вели Мемот.
Микро реакторот ги топи сите радиоактивни нуспроизводи во растопена вода. Солта има неверојатно висока температура на топење од околу 500 степени, што значи дека не треба долго овие нуспроизводи да паднат под точката на топење. Топлината се апсорбира во солта, која не се топи, а со тоа го отстранува ризикот на топење на постројката.
Продуктите на реакцијата сигурно се складираат во растопените соли, што значи дека се елиминира нукеларниот отпад. Некои продукти може да се издвојат и да се пропродадат. Од солта може да се отстранат вредни елементи како кобалт-60, злато, платина и неомидиум. Реакторите со растопени соли датираат уште од 60-тите години на минатиот век, а неодамнешниот развој доведе до нов пораст на експериментите.
Она што е најважно, растопените соли во процесот исто така повторно се употребуваат.
„Додека издвојувавме вредни елементи, откривме дека можеме да извоиме и кислород и водород. Низ овој процес може да ја исчистиме солта и повторно да ја употребиме. Солта може да се рециклира неограничено“, додава тој.
Димензиите на стандардно јадро на нуклеарна електрана изнесува околу 9 x 9 метри и е изградено во голема зона на исклучување за да се намали ризикот од радијација. Но, микро нуклеарниот реактор има димензии од околу 1,21 x 2,1 метар, а со оглед на тоа дека нема опасност од топење, нема ни потреба за голема зона на исклучување. Научниците тврдат дека реакторот може да произведе доволно енергија за напојување на околу 1.000 домаќинства.
Овој реактор може да се смести во приколка од камион, што значи дека може да се транспортира на оддалечени локации.
„Цели десетлетија луѓето се плашеа од нуклеарната енергија поради потенцијлните проблеми, но реактор со растопени оли е исто како да имате силициумски чип. Можеме да имаме помали, посигурни и поевтини реактори кои ќе го решат проблемот“, заклучува Мемот.