Научници пронајдоа нов орган во грлото


 

Научници пронајдоа нов орган во грлото на човекот додека спроведувале истражување за рак на простата. Порано стручњаците мислеа дека само микроскопски плунковни жлезди има во назофаринксот зад носот, но истражувачите на холандскиот институт за рак открија нов сет плунковни жлезди со должина од речиси 2 сантиметри.

Новооткриентие жлезди ги нарекоа тубарни, заради нивната положба над делот од рскавцата која се вика торус тубариус.

При ПЕТ скенирање, докторите вбризгуваат радиоактивна „трага“ во пацинетит. Овој трагач добро се врзува со протеинот PSMA кој е покачен во келиите на ракот на простата, а исто така многу добро открива и плунковни жлезди.

Изтражувачите велат дека новооткриените жлезди веројатно користат за подмачкување на горниот дел од грлото зад носот и устата, пишува Скај њус.

За да го потврдат своето откритие, научниците предводени од онкологот Ваутер Вогел, прегледале 100 пациенти и откриле дека сите ги имаат жлездите, а го сецирале и подрачјето на назофаринксот кај две починати лица и резултатите биле исти.