Научници предлагаат молчење во метро и јавен превоз поради ширење на корона вирусот

Научниците вработени во Шпанскиот национален совет за истражување (ЦСИК) препорачуваат луѓето да молчат во метро и јавниот превоз за да се спречи ширењето на корона вирусот.

Тие го објаснија ова мислење со фактот дека податоците укажуваат оти оваа мерка значително ќе го намали ризикот од зараза.

Со месеци експертите за епидемиологија и аеросоли ширум светот повикуваат на поостри мерки за спречување на ширење на коронавирусот низ воздухот, а покрај одржување растојание, хигиена и носење заштитни маски, се препорачува проветрување како една од клучните мерки за спречување на ширење на вирусот.

Истражувачката на ЦСИЦ, Марија Круз Мунгијон, ја истакна важноста на проветрувањето, но исто така рече дека треба да се почитува друга мерка – молчење во јавниот превоз.

– Би било идеално ако метрото иницира „постојана тишина“. Молчењето и добра соодветна маска го намалуваат ризикот. Ако зборувам на телефон или зборувам гласно затоа што е бучно во метрото, се емитуваат 50 пати повеќе аеросоли, истакна таа.

Таа објасни дека оваа мерка е многу важна, бидејќи во метро нема вентилација и оти ако некој има вирус и се вози со метро, важно е воздухот да биде што помалку загаден.

Исто така, истакнува дека оваа мерка треба да важи и за други видови јавен прево