Научни средби на тема „Македонското музичко творештво – сегашност и минато“
Сојузот на композиторите на Македонија денеска во Музејот на македонската борба организира научни средби на тема „Македонското музичко творештво – сегашност и минато“.
Одржувањето на овие средби е се со цел да се поттикне и унапреди научно–истражувачката дејност во областа на музикологијата, етномузикологијата, музичката византологија, танцовата уметност, музичката педагогија, музичкото културно наследство, музиката и поезијата, музиката и медиумите.
-Координатор на настанот е музикологот д-р Мирјана Павловска Шулајковска, а претседавач е Академик проф. д-р Јане Коџабашија. Со свои излагања и разговори со истакнати музички дејци ќе се претстават македонски музиколози, етномузиколози, педагози, истражувачи, меѓу кои: д-р Огненка Герасимовска Димитровска, м-р Весна Малјановска, Академик проф. д-р Јане Коџабашија, м-р Снежана Анастасова Чадиковска, проф. д-р Александар Трајковски, д-р Мирјана Павловска Шулајковска, м-р Даница Стојанова, д-р Беким Рамадани и м-р Ивона Опетческа – Татарчевска, информираат од Сојузот.
Музичките средби во СОКОМ првпат се беа организирани во 2019 година.