НАТО се корегираше за државјанството


По реакциите на социјалните мрежи, дека во апликациите за работни места како државјанство , место „македонско“  НАТО користи „државјанин на Северна Македонија“, се јави шефот на дипломатијата Никола Димитров со порака – дека грешката е исправена.
-Зборувавме со НАТО и ја поправија грешката. Благодарност до добронамерните укажувања. За некои пак, веќе нема да има причина за (зло)радост. Инаку, графата е за државјанство, не за етнички идентитет. Nationality и citizenship се синоними, иако националност и државјанство не се, напиша Димитров на Твитер.