НАТО го регистрира „Брако“ како потенцијален снабдувач


 

НАТО ја регистрира велешката фабрика „Брако“ како потенцијален снабдувач за своите потреби и македонската фабрика во следниот период ќе се обиде да му продаде македонски производи на воениот сојуз.

Сите производи и услуги НАТО ги набавува од компании од неговите земји членки. „Брако“се надева дека ќе биде прва македонска фирма која ќе успее да добие тендер за снабдување на НАТО војската.

За војниците и базите на  НАТО, „Брако“ ќе понуди контејнерски системи за кампови и полски болници, медицинска опрема, возила за чистење на воените бази, приколки за транспорт и различни видови на безбедносна жица.