Натепан вработен во спортска обложувалница во Аеродром


Вработен во спортска обложувалница во Аеродром синоќа пријавил физички напад на неговото работно место.

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 23:30 часот во СВР Скопје, Ј.М.(18) од Скопје пријавил дека околу 22:40 часот на неговото работно место во спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од А.Љ..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.