Натепан градежен инспектор во Чаир


Фото: Б. Грданоски
Градежен инспектор, кој вршел контрола на објект за кој немало дозвола за градба бил натепан од непознати лица.
Во средата, околу 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Серава“ две непознати лица со разни предмети му нанеле повреди на Џ.И.(47) од Скопје – вработен како градежен инспектор во општина Чаир.
Според пријавеното, Џ.И. вршел контрола на објект во изградба за кој немало соодветна документација за градба, при што бил нападнат од двете лица.
На Џ.И. му била укажана помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.