Наталија Тасевска и Елвин Вели избрани за јавни обвинители во ЈОРСМ


Советот на јавни обвинители ги избра Наталија Тасевска и Елвин Вели за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Покрај нив биле пријавени четворица други кандидати кои не беа избрани, а станува збор за Валентина Стојановска, Вилма Рускоска, Даница Монева и Златко Биковски.

Пријавата на кандидатот Ислам Абази била повлечена бидејќи тој во меѓувреме беше избран за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

На денешната, 82 Седница, Советот расправа и за избор на обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје, ОЈО ГОКК, Основно јавно обвинителство Гостивар, Основно јавно обвинителство Кавадарци и Основно јавно обвинителство Скопје. 

Наташа Гоџоска и Артан Ајро избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје
Наташа Гоџоска и Артан Ајро денеска беа избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Советот на јавни обвинители на денешната, 82 седница гласаше по сите пријавени кандидати, а потребното мнозинство не го добија кандидатите Зоран Марковски, Спасенка Андонова, Владимир Милошески, Наташа Сарамандова, Јован Серафимовски, Љубомир Лапе, Златко Биковски, Расим Деца, Дарко Јакимовски и Ленче Ристовска.

На денешната седница ќе се бираат обвинители и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – ОЈО ГОКК, Основно јавно обвинителство Гостивар, Основно јавно обвинителство Кавадарци и Основно јавно обвинителство Скопје.