Наставник од Битола позитивен на Ковид-19, држел онлајн настава


Вирусот влезе во едно од битолските училишта, само две недели по почетокот на онлајн наставата. Наставникот е позитивен на Ковид-19 потврдија од Центарот за јавно здравје во Битола, но велат дека нема ученици во  изолација, затоа што заболениот држел онлајн часови и немал директен контакти со учениците. Засега не се знае дали наставникот имал контакти со колегите во училиштето додека држел настава.
Во Битола засега има три  случаи на позитивни на Ковид во битолската градинка „Коца Василева“. Прво асимптоматски беше куварот во градинката кога се правеше скринингот, а во септември беше негувателка, која испрати во изолација 5 деца и 5 колешки, а потоа се зарази и  воспитувачка, која во изолација однесе 13 деца и  негувателката од истата група. (А.Б.)