Светот во 2024 низ фотографии
Војните беа страшната вест, но главниот политички спектакл со далекусежни последици беше убедливата победа на Доналд Трамп на изборите во САД
Годинава што изминува беше трагична во многу нешта. Војната во Украина продолжи со несмалено темпо. Израел речиси ја срамни Газа со неговите постојани воздушни ракетни напади, ги уби сите лидери на Хамас. Потоа, Израел го десеткуваше Хезболах во Либан, убивајќи ги неговите лидери. Како резултат на ова сирискиот режим на Хафез ел Асад колабираше во само две недели, а диктаторот избега во Русија.
Шпанска Валенсија ја погоди една страшна природна катастрофа, поплавите однесоа повеќе од 220 животи, а цели мали градови во околината беа уништени. Во Париз се одржаа Летните олимписки игри кои беа толку спектакуларни и успешни што веќе има повици олимпијадите да се одржуваат на секои две години за да се држи оптимизмот во светот.
Војните беа страшната вест, но главниот политички спектакл со далекусежни последици беше убедливата победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД и неговото враќање во Белата куќа по четири години. Тој е само вториот американски претседател кој успеал да го направи овој подвиг по Гровер Кливленд на крајот на 19. век. Не само Америка, туку цел свет е во неизвесност како ќе се однесува Трамп и со пријателите и со непријателите на неговата нација. Искушенијата можат да бидат уште поголеми во 2025 отколку што беа во 2024.